Одлични вести за Чави пред пресметката со Реал: Барселона посилна за Торес и Педри

Фудбалерите на Барселона ќе бидат посилни за двајца фудбалери пред утрешната пресметка во полуфиналето на Супер-Купот на Шпанија кој се игра во Саудиска Арабија. Чави денеска доби одлични вести, откако Феран Торес и Педри излего негативни на последните тестирања на коронавирусот, па така ќе може да смета на нив на овие натпревари.

Во полуфиналето се очекува вистински спектакл, „ел-класико“ дуел меѓу Барселона и Реал. Каталонците вчера пристигнаа во Саудирска Арабија, а пред тоа Чави го објави списокот на играчи на кои ќе смета за овој меч.

Торес, конечно, е регистриран откако беше намалена платата на Умтити, а се излечи и од коронавирусот. Педри, пак, не беше во тимот и поради повреда, и поради коронавирусот, а сега двајцата се „фит“ и ќе бидат на располагање на тренерот на Барселона.

Се вчитува...