Одлични вести за Симеоне пред двомечот со Ливерпул во ЛШ

Диего Коста ќе биде подготвен за двомечот меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите, пренесуваат шпанските медиуми. Коста се врати на тренинзите на мадридскиот клуб, информација поради која Диего Симеоне мора да биде задоволен.

Поради повреда на грбот, Коста беше надвор од терените голем дел од сезоната во која настапи на само осум натпревари. Првите прогнози беа дека тој може да ја пропушти цела сезона, но на среќа на навивачите на Атлетико тој ќе се врати многу порано од очекуваното. Атлетико Мадрид го дочекува Ливерпул на 18. февруари.

 

Се вчитува...