Одложен и дуелот Лестер – Тотенхем

Премиер-лигата се соочува со огромна корона-криза откако денеска мораше да биде одложен уште еден натпревар, оној во кој Лестер требаше да го пречека составот на Тотенхем.

Двата тима имаат случаи на Covid-19 во своите редови и вчера се пожалија откако добиле наредба од Премиер-лигата дека мечот мора да се игра, одбивајќи го барањето на клубовите за одлагање.

Денеска пак стигна поинаква одлука од Премиер-лигата, по новите случаи на коронавирус беше одлучено дуелот во Лестер да биде одложен.

Ова е третиот дуел од ова премиерлигашко коло што се одлага, откако претходно не можеа да бидат одиграни средбите Брентфорд – Манчестер Јунајтед и Барнли – Ватфорд.

Се вчитува...