Одложен и првиот меч на „Боксинг деј“ во Премиер-лигата

Премиер-лигата на состанокот во понеделникот донесе одлука сезоната да продолжи согласно утврдениот распоред, но денеска стигнува информација за прв одложен меч на „Боксинг деј“, традиционалниот термин за англиските фудбалски лиги меѓу божиќните и новогодишните празници.

Ливерпул и Лидс нема да излезат на терен на „Енфилд“ в недела попладне, откако Премиер-лигата донесе одлука за одложување на овој натпревар.

Причина се големиот број на позитивни случаи на коронавирус во таборот на Лидс, поради што тимот на Марсело Биелса нема да биде во можност да настапува претстојниот викенд.

Двата клуба официјално ја објавија информацијата за одложувањето на натпреварот, а британските медиуми најавуваат дека нема да се игра ниту дуелот Вулверхемптон – Ватфорд.

Се вчитува...