Одложен меч во Ла лига поради големиот пожар во Валенсија

Натпреварот од 26. коло на шпанското фудбалско првенство меѓу Гранада и Валенсија, кој требаше да се одигра во сабота е одложен откако градот Валенсија прогласи тридневна жалост по пожарот во кој загинаа неколку лица.

Валенсија побара од организаторите на натпреварувањето во Ла Лига да го одложат мечот закажан за 14 часот, што беше одобрено. Градот Гранада и неговиот фудбалски клуб изразија солидарност со граѓаните на Валенсија откако во четвртокот попладне избувна пожар во зграда, во кој досега загинаа четири лица, а по 14 се уште се трага.

Сите настани се откажани во градот Валенсија, вклучувајќи го и второлигашкиот натпревар меѓу Леванте и Андора. Се уште не е познат новиот датум на одигрување на натпреварите.

Се вчитува...