Мечот од 30. коло од Премиер-лигата меѓу Брајтон и Арсенал е одложен откако во четвртокот вечерта на менаџерот на „топчиите“ Микел Артета му беше дијагностициран коронавирус.
Дуелот кој требаше да биде одигран во сабота во 16 часот очекувано веднаш е одложен, а денеска Премиер-лигата ќе одржи итен состанок со клубовите на кој ќе биде донесена конечна одлука околку пандемијата со Ковид-19.
Скоро сите спортски настани во Европа и светот се суспендирани, но во Велика Британија нема да има забрана се додека не се засили пандемијата од коронавирус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА