Одложен меморијалниот турнир „Анте Дуковски“

Меморијалниот турнир во чест на Анте Дуковски кој се игра во СРЦ „Кале“ и во салата „Независна Македонија“ е одложен откако Владата прогласи тридневна жалост поради страшната трагедија во Тетово. Очекувањата се истиот да продолжи во недела по завршување на овој период.

Како потсетување, на овој турнир учество покрај домаќините ТФТ и Академија ФМП земаа Феникс 2010, Работнички, Куманово и Ангели.

Вчера беше одигран и првиот ден од турнирот по кој на победа на „Кале“ се радуваше ТФТ во дуелот со Феникс 2010, додека Куманово стигна до пресврт победа во Кисла Вода против Академија ФМП. Денеска требаше да бидат одиграни дуелите помеѓу ТФТ и Работнички, односно Академија ФМП и Ангели.

Се вчитува...