Одложен натпреварот Манчестер Сити – Вест Хем

Лошите временски услови во поголемиот дел од Европа се причина за одложување на натпревари во неколку елитни натпреварувања, меѓу нив и од англиската Премиер-лига.

Дуелот меѓу Манчестер Сити и Вест Хем, што требаше да се игра со почеток во 17 часот, е одложен, објави Премиер-лигата. Одлуката е донесена по консултација на официјалните лица и претставници на двата клуба, при што е оценето дека невремето ќе ги отежни условите за игра, но и ќе ја загрози безбедноста на навивачите кои треба да патуваат до и од стадионот.

Новиот термин на одигрување на оваа средба дополнително ќе биде објавен.

Се вчитува...