Одложениот натпревар Бразил – Аргентина може да се одигра во Австралија или Азија

Квалификацискиот натпревар помеѓу Бразил и Аргентина за Светското првенство во Катар, кој беше прекинат, може да се одигра на друг континент.

Бразилската фудбалска федерација побарала од ФИФА да го одложи натпреварот. Натпреварот требаше да се одигра во септември, но на самиот почеток беше прекинат поради тоа што четири аргентински фудбалери без дозвола излегле на теренот и со тоа ги прекршиле ковид протоколите.

Сега се шпекулира дека натпреварот ќе се одигра во Австралија или некоја во земјите во Азија. ФИФА и натаму не одредил датум и место за одигрување на мечот.

Се вчитува...