Одржано атлетското поединечно првенство за младинци (ФОТО)

Изминатиов викенд на арената „Тодор Проески“ и Стадионот на „АРМ“ во Скопје се одржа Националното поединечно првенство за млади младинци/ки во организација на Атлетската федерација на Македонија.

Најмладите и овој пат го направија ова првенство посебно со нивната искреност, нивните насмевки и нивната желба да го покажат најдоброто. Тие најавија дека имаме светла иднина, допрва доаѓаат ѕвезди кои имаат што да понудат во овој спорт.

Филип Апостолоски

Првите места во машка конкуренција ги освоија следните натпреварувачи: На 110 метри со пречки Брајан Авиа од 7ми Мај (19,27), 100 метри – Огнен Стефановски од Делта (11,71), 400 метри – Огнен Стефановски од Делта (52,40), 800 метри – Филип Апостолоски од Најк Ран (2.07,62), 1500 метри – Андреј Андовски од Кавадарци (4.40,79), 3000 метри – Димитар Петровски од Делта (9.07,18), 4х100 метри – М. Петров , Ф.Младеновски, М.Бошковски и О. Стефановски од Делта 51,96, далечина – Ридван Фејзула од Лириа ММ (5,66), ѓуле – Ален Машовиќ од Работнички (12,10), копје – Петар Хаџи Кимов од Работнички (35,47), диск – Брајан Авиа од 7ми Мај (32,20).

Првите места во женска конкуренција ги освоија следните натпреварувачи: На 100 метри со пречки – Дијана Вукановиќ од Куманово (16,89), 100 метри – Натура Мало од Дрини Старт (13,13), 400 метри – Ана Божиновска од Центар (62,00), 800 метри – Ирма Хајдари од Центар (2.37,74), 4х100 метри – А. Божиновска , В.Цветановска , И.Хајдари , Ј.Богоевска од Центар (56,37), трискок и далечина – Сара Османовска од 7ми Мај (4,71), височина – Сара Ангелкоска од Стеваноски (125), ѓуле – Јумна Фетаху од 7ми Мај (9,88), копје , диск – Теа Алексовска од Куманово (30,37).

Натпреварувачите пак родени 2010 и помлади настапуваа надвор од конкуренција. Натпреварите се одвиваа според строги протоколи пропишани од Министерството за здравство.

Се вчитува...