Официјализирана „бомбата“: Сити го потврди трансферот на Халанд!

Официјално, Ерлинг Халанд ќе биде нов играч на Манчестер Сити од идната сезона. Ова го потврдија „граѓаните“ денеска на социјалните мрежи.

Со тоа се официјализираше „бомбата“ која беше најавувана во последните неколку дена. Борусија Дортмунд ќе добие 75 милиони евра за овој трансфер.

„Манчестер Сити потврдува дека има договор со Борусија Дортмунд за ангажман на Ерлинг Халанд од 1. јули 2022 година. Останува само да се официјализираат барањата од фудбалерот“, се вели во соопштението.

Се вчитува...