Официјална промоција: Тричковски во АЕК до 2022 година!

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски и официјално го продолжи договорот со кипарскиот АЕК Ларнака на уште две сезони, потврдија од клубот.

„АЕК Ларнака има чест и задоволство да објави дека нашиот лидер Иван Тричковски се одлучи да го продолжи договорот со клубот на уште две сезони“, стои на официјалната страна на кипарскиот клуб. 

Тричко дојде во АЕК Ларнака пред четири и пол години. Во овој период тој забележа 163 настапи за клубот од Ларнака на кои постигна  67 гола во лигата, 10 во купот и 20 во Европа со што е прв стрелец во историјата на тимот во европските натпреварувања.

Се вчитува...