Официјални состави: Зенит напаѓа со Ѕјуба, Ригони и Полоз…Јаневски без репрезентативците во одбрана

Познати се офицјалните состави на Зенит и на Вардар, во пресрет на мечот од петтото коло во групната фаза од Лигата на Европа. Роберто Манчини, според најавите, направи одредени промени во составот и им дава шанса на резервистите, па во нападот ќе бидат Ѕјуба, Ригони и Полоз. Зад нив ќе делуваат Шатов и Нобоа. Го нема Кокорин, кој беше најопасен во Скопје, како и Дриуси, кој е всушност и главниот напаѓач на составот од Санкт Петербург. Во составот не се ниту Ивановиќ, Кришчито, Паредес, Краневитер…

Чедомир Јаневски, стратегот на Вардар, не им верува на репрезентативните дефанзивци Велкоски и Муслиу, туку се определи за искусниот, но и многу побавен стоперски тандем Грнчаров – Новак. Во средниот ред ќе биде и Вања Марковиќ, а во нападот ќе игра Итало, потпомогнат од Барсегјан и Џигаури на крилните позиции. Секако, плејмејкер е Фелипе, на десната бековска позиција е Хамбарџумјан, а на левата ќе игра Демири. На голот е Гачевски.

sostavi zenit - vardar

Се вчитува...