ОФИЦИЈАЛНО: Александар Таневски се врати во Македонија ЃП

Александар Таневски е назначен за нов тренер на прволигашот Македонија ЃП, потврдија од клубот. По вчерашниот пораз од Струга ТЛ, Жикица Тасевски од морални причини се одлучи да го напушти кормилото на клубот поради слабите резултати.

Таневски беше на кормилото на клубот од 2017 до 2019 година, а во домашниот шампионат ја водеше и Академија Пандев.

„Драган Таневски е нашиот избор за нов тренер. Човек кој што добро ја знае ситуацијата во тимот и се надевам дека ќе успееме со него до крајот на сезоната да избориме излез во Европа“, соопштија од Македонија ЃП. 

Таневски до крајот на сезоната ќе има за цел да го задржи третото место на табелата кое води во квалификациите за новата Конференциска лига на УЕФА.

Се вчитува...