Тоа што веќе беше познато некое време, вечерва доби и официјална потврда. Андони Ираола е назначен за нов тренер на англискиот великан Ливерпул.
Шпанецот имаше неверојатна сезона предводејќи го Борнмут, тим кој во календарската 2026 година не доживеа ниту еден пораз во Премиерлигата. Ираола на клупата на „црвените“ од „Енфилд“ ќе го наследи Арне Слот кој доби отказ по катастрофалната сезона.
„Навистина сум возбуден за шансата што ја добив. Не треба многу убедување за да прифатите понуда од Ливерпул, бидејќи Ливерпул е Ливерпул. Едноставно не може да се побара подобро место за мене“, изјави Ираола.
“I want to become one more of you.” ✊ pic.twitter.com/EN38rKmKRz
— Liverpool FC (@LFC) June 4, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
