Официјално: Англија добива нов гигант – Шеик од Саудиска Арабија го превзема Њукасл

Шеикот Мухамед бин Салман од Саудиска Арабија е новиот газда на англискиот премиерлигаш Њукасл откако досегашното раководство и официјално успеа да ја договори продажбата за 300 милиони фунти, пренесуваат англиските медиуми. Оваа продажба беше најавувана уште претходната сезона меѓутоа тогаш раководството на лигата не даде „зелено светло“, а по надминување на пречките сега клубот има ново власништво.

Шеикот Мухамед бин Салман важи за еден од најбогатите личности на планетата и со неговото превземање се очекува англискиот фудбал да добие уште еден гигант. Истиот најавува промени како во играчкиот кадар, така и во менаџментот, а една од посакуваните цели е италијанскиот стратег Антонио Конте.

Њукасл по неколку години поминати во Чемпионшипот се врати во Премиерлигата во 2016 година и оттогаш е стандарден дел од англиската „елита“, но не бележи значајни успеси. Сезоната 2020/21 ја заврши на 12. место на табелата, а оваа сезона по седум одиграни натпревари се наоѓа на претпоследното место со само три освоени бода, без ниедна победа. Сега клубот го има најбогатиот газда на „Остовот“, а со тоа и можноста за серозен состав во следните години.

Се вчитува...