ОФИЦИЈАЛНО: Антони е нов фудбалер на Манчестер јунајтед

Англискиот премиер-лигаш Манчестер јунајтед го потврди трансферот на младиот бразилски фудбалер Антони.

Антони на „Олд трафорд“ доаѓа за сума од 100 милиони евра од редовите на холандскиот шампион Ајакс. Крилниот офанзивец од самиот почеток на преодниот рок се наоѓаше на врвот на листата со желби на Тен Хаг, но Ајакс инсистираше дека овој фудбалер не е за продажба.

На крајот, пресуди притисокот направен од самиот фудбалер, кој воопшто не тренираше со првата екипа и на последните средби не беше во комбинација за настап за Ајакс, по што управата на холандскиот првак попушти и седна на маса за преговори со Јунајтед.

Антони во Ајакс стигна во 2018 година од редовите на Сао Паоло. За тимот од Амстердам одигра 57 натпревари на кои постигна 18 гола.

 

Се вчитува...