Микел Артета е нов тренер на англискиот премиер-лигаш Арсенал, потврдија од клубот. Артета се обврза на три и пол годишен договор со клубот од Лондон, период во кој ќе се обиде да го врати клубот на старите патеки.
Артета настапуваше за тимот од „Емирејтс“ во периодот од 2011 до 2016 година, а еден период ја носеше и капитенската лента.
„Ова е голема чест. Арсенал е еден од најголемите клубови во светот. Знаеме дека пред нас е голема работа, но јас сум тука да го вратиме Арсенал на старите патеки и да бидеме во игра за сите трофеи во сезоната“, изјави Артета.
Comunicado Oficial: Arteta ?
— Arsenal (@Arsenal) December 20, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА