ОФИЦИЈАЛНО: Азар е нов фудбалер на Реал Мадрид

Еден од најдобрите фудбалери во светот Еден Азар е нов фудбалер на Реал Мадрид, објавија на официјалниот сајт на „кралскиот клуб“.

Во соопшетнието на сајтот стои дека е постигнат договор со Челси за преминување на белгискиот репрезентативец, трансфер кој ќе чини 100 милиони евра, а Белгиецот се обврзува со договор со „кралскиот клуб“ до 2024 година. Официјалното претставување на „Сантијаго Бернабе“ ќе биде на 13. јуни, откако Азар ќе ги помине медицинските прегледи.

 

Се вчитува...