Официјално: Чави доби отказ од Барселона!

Она за кое се шпекулираше во изминатите неколку дена, доби официјална потврда. Чави нема да ја води Барселона следната сезона, објави клубот од Каталонија.

На денешниот состанок, претседателот Жоан Лапорта го известил првиот трренер дека нема да продолжи да ја води екипата во сезоната 2024/25.

На состанокот присуствувале и потпретседателот Рафа Јусте и спортскиот директор Деко. Претходно беше објавено дека Чави останува тренер и во следната сезона, но потоа една контроверзна изјава на тренерот доведе до тоа да „виси“ неговата работа.

Последен пат Чави тимот ќе го води на натпреварот со Севилја. Се очекува нов тренер на Барселона да биде Ханс Флик, екс тренерот на Баерн Минхен.

Се вчитува...