Официјално: Челси го продаде Кулибали во Саудиска Арабија

Само една година траеше престојот на Калиду Кулибали во Челси откако сенегалскиот репрезентативец се покажа како едно од неколкуте промашени засилувања во минатата натпреварувачка сезона.

Сенегалецот не се снајде во Премиер-лигата и побара да си замине, а Челси се согласи да го продаде, па тој денеска го комплетираше трансферот во Ал Хилал. Овој клуб од Саудиска Арабија плати 27 милиони евра на Челси за откуп на договорот, додека Кулибали потпиша тригодишен договор за вкупно 75 милиони евра.

Тој е еден од четворицата фудбалери на Челси кои летово се селат од Лондон во Саудиска Арабија, заедно со Нголо Канте, Едуард Менди и со Хаким Зијеш.

Се вчитува...