ОФИЦИЈАЛНО: Челси му врачи отказ на Френк Лампард

Френк Лампард повеќе не е менаџер на Челзи, потврди англискиот клуб денес. Претходно гласно се зборуваше за негово заминување, а сега и официјално се потврди дека заминува од позицијата тренер, а како најава се вели дека негов наследник ќе биде Томас Тухел. Имено, Германецот ја прифатил работата и се очекува да потпише договор во наредните часови.

Управата на Челзи му соопшти на легендарниот фудбалер на клубот од „Стемфорд Бриџ“ дека денес нема потреба да доаѓа во тренинг центарот, а тоа беше јасен знак дека Лампард ќе добие отказ.

Челниците на клубот, предводени од сопственикот Роман Абрамовиќ, беа лути и разочарани со недели поради резултатите на тимот на Лампард, а неговиот отказ не го спаси ниту неделната победа во 1/16 финалето од ФА купот против Лутон.

Четириесет и тригодишниот Лампард го презеде Челси во летото 2019 година, но и покрај големите инвестиции во преодниот рок, во моментов е само деветти во Премиер лигата со 29 бода во 19 кола.

 

 

Се вчитува...