Ракометниот суперлигаш Охрид не застанува кога станува збор за новите имиња. Екипата официјализираше уште едно ново познато име во своите редови.
Станува збор за српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ кој денеска беше промовиран во дресот на охридскиот клуб.
Ѓукиќ во Охрид пристигна од шампионот на Романија, Динамо Букурешт. 30-годишниот ракометар веќе беше дел од два македонски клуба: Металург и Вардар, а играше и во Бешикташ, Киелце, Мешков Брест.
„Поздрав до сите навивачи на Охрид. Сакам да ве известам дека наредните две години ќе бидеме заедно, на иста страна. Ќе се бориме за клубот и градот Охрид, се надевам многу ќе се радуваме заедно“, кратко прокоментира Ѓукиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА