Англискиот репрезентативец, Елиот Андерсон (23), е нов член на Манчестер Сити, соопшти клубот од „Етихад“. Андерсон потпиша петгодишен договор со Сити, а Форест ќе добие дури 135 милиони евра, што претставува втора најголема отштета платена од некој клуб од Островот.
Рекордот се уште го држи Ливерпул, кој минатото лето потроши околу 146 милиони евра за да го доведе шведскиот играч за врска Александар Исак од Њукасл.
„Манчестер Сити е еден од најголемите клубови во светот, а нивниот тим е неверојатен и исклучително силен на секоја позиција. Штом дознав дека ме сакаат, бев решен да го реализирам овој трансфер“, изјави 23-годишниот фудбалер од Витли Беј.
Андерсон ја започна кариерата во Њукасл Јунајтед, а во 2024 година премина во Нотингем Форест. Дебитираше за англиската репрезентација во септември 2025 година против Андора, а за „гордиот Албион“ одигра 17 натпревари. Настапи на сите натпревари на Англија на Светското првенство, започнувајќи како стартер на секој меч освен на натпреварот за третото место против Франција (6-4), кога влезе како замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
