Англискиот великан Манчестер сити денеска и официјално го промовираше Енцо Мареска за нов тренер.
Мареска на клупата на „граѓаните“ доаѓа по десетгодишната ера на Пеп Гвардиола, во која премиерлигашот ги испиша најубавите години од своето постоење, а како круна дојде освојувањето на Лигата на шампионите во 2023 година.
Мареска кој своевремено токму во Сити беше помошник на Гвардиола, на почетокот на годинава доби отказ во Челси по слабите резултати во Премиерлигата.
Welcome back, Enzo 🩵
🔗 https://t.co/7BpGdG82na pic.twitter.com/2RfmNA7qMj
— Manchester City (@ManCity) June 29, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
