Официјално: Фернандо Алонсо се врати во Рено!

Легендарниот Формула 1 возач Фернандо Алонсо се враќа во Рено, тим со кој двапати стигна до титулата во шампионатот. Алонсо во тимот во кој ја стекна светската слава ќе се врати во 2021 година, каде за клупски колега ќе го има Естебан Окон. Тоа значи дека Даниел Рикиардо следната година нема да биде дел од францускиот производител.

Фернандо Алонсо своите најдобри денови во Формула 1 ги имаше токму во Рено, каде во сезоните 2005 и 2006 ја освојуваше шампионската титула.

 

Се вчитува...