Македонскиот интернационалец Георг Стојановски е нов фудбалер на катарски Лусаил.
Екипата од Катар и официјално го потврди трансферот и го промовираше македонскиот напаѓач. Според првичните информации, Стојановски потпишал повеќегодишен договор, но засега не се откриваат подетални финансиски детали од соработката.
Младиот фудбалер во Катар пристигнува од редовите на бугарскиот клуб Спартак Варна, каде што минатата сезона соработуваше со својот дедо, познатиот македонски стратег Ѓоко Хаџиевски.
Во својата досегашна кариера, Стојановски има настапувано и за екипите на Вардар, Тетекс, Шкупи и Работнички, а веќе има и интернационално искуство од Блискиот Исток каде што го носеше дресот на Хата во Обединетите Арапски Емирати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
