ОФИЦИЈАЛНО: Ѓоре Јовановски е нов тренер на Кожуф

Поранешниот македонски селектор Ѓоре Јовановски е нов тренер на второлигашот Кожуф. Раководството на гевгелискиот клуб го назанчи трофејниот македонски тренер да го води тимот во новата сезона во единствената Втора лига.

Искусниот стратег денеска стави потпис на договорот со второлигашот.

Покрај тоа што ја водеше фудбалската репрезентација на Македонија, Јовановски беше дел и од: Вардар, Работнички, Металург, Беласица, Шкендија и Милано.

Се вчитува...