Официјално: Грем Потер е нов тренер на Челси

Челси експресно стигна до замената на Томас Тухел откако само ден по отказот на германскиот стратег го промовираше Грем Потер како нов тренер. 47-годишниот Англичанец на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа од редовите на Брајтон и овој „трансфер“ ќе ги чини „сините“ 18 милиони евра.

Потер доаѓа на едно од најнесигурните тренерски места во светот на фудбалот без големо искуство. Тој кариерата ја започна во 2011 година во норвешкиот состав Естерсунд, а во елитата на англискиот фудбал ги предводеше Свонси и Брајтон. Најголемиот успех на „Островот“ го имаше во претходната сезона кога заврши на 9. место на табелата во Премиерлигата.

Потер бил цел на новиот газда Тод Боели веќе подолго време, инспирирајќи го американскиот сопственик со плановите за иднината. Своето деби на клупата ќе го има во саботниот натпревар против градскиот ривал Фулам.

Се вчитува...