Официјално: Харден во Филаделфија, Симонс во Бруклин!

Последните часови во трансфер периодот во НБА лигата донесоа и мега трансфер во кој Џејмс Харден стана нов играч на Филаделфија, додека неговото место во Бруклин ќе го замени Бен Симонс. Покрај Симонс во Бруклин ќе заминат и Сет Кари, Андре Драмонд и два пика од прва рунда, додека Нетс ќе имаат права на колку драфт пика на Филаделфија во следните години.

Очекувањата се Бруклин до 21 часот да направат уште неколку манипулации со трансфери, но во главно новата петорка на клубот ќе го има следниот изглед: Кајри Ирвинг, Сет Кари, Кевин Дурент, Бен Симонс и Ламаркус Олдриџ.

Се вчитува...