ОФИЦИЈАЛНО: Холандската лига поништена

Фудбалската федерација на Холандија одлучи да го поништи домашниот шампионат, што значи дека нема да има првак за сезоната 2019/2020. Минатата недела холандската влада донесе одлука за јавни собири до 1. септември.

Пред прекинот првата позиција ја делеа Ајакс и АЗ Алкмар, а за да биде најфер нема да има шампион. АДО Ден Хаг и Валвијк како две најслаби екипи нема да испаднат и ќе бидат дел од елитата и следната сезона. Сепак, бројот на прволигаши нема да се зголеми, бидејќи никој од втората лига нема да доживее промоција.

Феенорд како третопласиран ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа, додека ПСВ и Вилем ќе бидат дел од квалификациите во најмасовното европско фудбалско натпреварување.

Се вчитува...