Официјално: Интер го претстави Госенс (ВИДЕО)

Робин Госенс од денеска и официјално е нов фудбалер на Интер откако потпиша договор за позајмица до крајот на сезоната со можност за откупување на истиот за сума од 25 милиони евра по завршување на истата.

Германецот во редовите на актуелниот шампион и моментален лидер во италијанското првенство доаѓа од Аталанта и се очекува да биде од огромна корист за Филипо Инѕаги во обидот за продолжување на доминацијата.

Се вчитува...