Нов фудбалер на Манчестер Јунајтед од денеска и официјално и Камерунецот Карлос Балеба.
Трансферот на поранешниот играч од средниот ред на Брајтон на „Олд Трафорд“ беше во процес веќе некое време, а сега комплетно е реализиран.
Јунајтед го официјализираше третото засилување откако претходно ги донесе Андреј Сантос од Челзи и Јури Тилеманс од Астон Вила.
22-годишниот Балеба е најскапиот трансфер на Јунајтед ова лето – го чинеше Манчестер 75 милиони евра.
„Неверојатно чувство е да се приклучам на мојот клуб од соништата. Играњето на Олд Трафорд е секогаш посебно, но можноста да го направам тоа како играч на Манчестер Јунајтед ќе биде вистинска чест. Едвај чекам да соработувам со Мајкл Карик, неговото искуство и познавање на играта го прават совршен тренер кој ќе ми помогне да го достигнам највисокото ниво“, рече Балеба во своето прво обраќање како играч на познатиот клуб.
Win. Turn. Drive. Repeat.
Coming to the heart of United’s midfield: Carlos Baleba… pic.twitter.com/qUTWs8d0QH
— Manchester United (@ManUtd) August 25, 2026
Јунајтед потроши 173,1 милиони евра за гореспоменатите тројца играчи. Плати 40,9 милиони евра на Тилеманс, а 56,1 милиони на Сантос.
Балеба, кој игра како заден играч од средниот ред, претходно играше за Лил пред Брајтон, каде што мина три сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
