Фудбалерот на Астон Вила, Јури Тилеманс, е новото засилување на Манчестер Јунајтед, со кого потпиша петгодишен договор. Јунајтед плати 41 милион евра, односно 35 милиони фунти, и го официјализираше трансферот откако ја активираше откупната клаузула за играчот од средниот ред кој ќе го замени „Вила Парк“ за „Олд Трафорд“.
„Тешко ми е да опишам колку сум горд што се приклучувам на Манчестер Јунајтед. Да се потпише за толку посебен клуб е неверојатно чувство, кулминација на години посветеност откако првпат се заљубив во фудбалот“, изјави Тилеманс.
29-годишникот е еден од најистакнатите играчи од средниот ред во Премиерлигата со години. Четири години во Лестер, потоа три сезони во Астон Вила. Во најсилното првенство во светот, тој настапи вкупно 244 пати, со 26 гола и 39 асистенции.
Претходно играше за Андерлехт и Монако.
☎️ When Manchester United call, you don’t think twice. pic.twitter.com/9MsGHelapj
— Manchester United (@ManUtd) July 14, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
