ОФИЦИЈАЛНО: Канте потпиша за Фенербахче

Турскиот гигант Фенербахче официјално потврди дека потпиша договор со играчот од средниот ред на француската репрезентација Нголо Канте, кој доаѓа од Ал-Итихад.

Вчера се појави информација дека Французинот бојкотира во саудиската Премиер-лига, и дека нема намера повеќе да игра за Ал-Итихад, а ноќеска стигна потврда за трансферот во Фенербахче по втората рунда преговори, откако првата пропадна.

„За некои приказни е потребно време, но не остануваат недовршени. Добредојде во нашиот Фенербахче, Н’Голо Канте“, напишаа „Фенербахче“ на своите канали на социјалните мрежи“, напиша Фенербахче на социјалните мрежи. 

Договорот на Канте со Фенербахче е до 2028 година.

Се вчитува...