Официјално: Керик e нов менаџер на Мидлсброу

Во понеделникот Мидлсброу го потврди она што се шпекулираше со денови, Мајкл Керик и официјално е новиот менаџер на клубот. Како што се наведува во соопштението на Мидлсброу, Керик во клубот носи големо искуство од 12 години играње во Манчестер Јунајтед, но и од периодот кога ја извршуваше должноста менаџер во клубот од „Олд Трафорд“.

Еден од најтрофејните англиски фудбалери по завршувањето на кариерата беше дел од стручниот штаб на Манчестер Јунајтед, беше асистент на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер, а самостојно го водеше тимот на три меча – против Виљареал, Арсенал и Челси. Тогаш забележа две победи и едно реми.

„Среќни сме што потпиша со нашиот клуб, му посакавме добредојде на Мајкл. Разговаравме со неколку кандидати, но Мајкл беше најдобар од сите. Тој ги цени истите вредности како и ние, а ние имаме слични амбиции“, рече претседателот на клубот, Стив Гибсон.

Се вчитува...