ОФИЦИЈАЛНО: Конса е нов фудбалер на Арсенал

Англискиот репрезентативец Езри Конса е нов играч на Арсенал, објави денеска лондонскиот клуб.

Конса потпиша четиригодишен договор со Арсенал, а клубот плати 60 милиони евра на Астон Вила за неговиот трансфер.

„Исклучително сум возбуден. Привилегија е да се биде овде и едвај чекам да почнам. Сакам да продолжам да победувам, гладен сум за победи и токму затоа сум овде. Ова е момент на гордост за мене и за моето семејство. Ќе играм за еден од најдобрите тимови во светот“, изјави Конса.

Англискиот фудбалер беше член на Астон Вила во изминатите седум години, период во кој одигра 286 натпревари.

Се вчитува...