Официјално: Конте е нов менаџер на Тотенхем

Антонио Конте од денеска и официјално е нов менаџер на Тотенхем, откако трофејниот италијански стратег потпиша договор со „спарси“ до јуни 2023 година.

Конте и во текот на летото беше поврзуван со камбек во Лондон (каде до пред неколку години го водеше Челси), тогаш тој ги одби „спарси“, за сега сепак да ја прифати понудата на директорот Паратичи, со кого имаше беспрекорна соработка додека го водеше Јувентус.

„Среќен сум што се враќам на тренерската работа, уште повеќе што станува збор за клуб од Премиер-лигата со сериозна амбиција да го нападне врвот. Летово не дојде до соработка бидејќи бев емоционално исцрпен по долгата сезона со Интер. Не сакав веднаш да му се вратам на фудбалот, но сега кога повторно ми се укажа шанса да дојдам во Тотенхем, веднаш ја прифатив“, изјави Конте.

 

Се вчитува...