Официјално: Ловрен потпиша за Зенит

Дејан Ловрен од денеска и официјално повеќе не е член на Ливерпул откако хрватскиот репрезентативец потпиша тригодишен договор со Зенит. Искусниот дефанзивец во последните две години го загуби првотимскиот статус, минатото лето во последен момент му пропадна трансферот во Рома, но овојпат уште на самиот почеток од преодниот рок си го осигура заминувањето од „Енфилд Роуд“, во трансфер вреден 12 милиони евра.

„Можеме да потврдиме дека Дејан Ловрен му се приклучи на тимот на Зенит. Сите во клубот му се благодарни на Дејан за неговиот професионализам и придонесот во последните години. Воедно, му посакуваме се најдобро во новиот предизвик во кариерата“, објави Ливерпул на официјалната веб-страница.

Ловрен ќе го заземе местото во тимот на Зенит што досега му припаѓаше на Бранислав Ивановиќ, кој како слободен играч си оди од Санкт Петербург откако не му беше понуден нов договор.

Се вчитува...