Официјално: Лука Јовиќ потпиша за Реал Мадрид

Веќе нема никакви дилеми, Лука Јовиќ од денеска е нов член на Реал Мадрид откако и „кралевите“ и челниците на Ајнтрахт Франкфурт го потврдија трансферот на српскиот голгетер во таборот на најтрофејниот европски клуб. Јовиќ имаше сезона од соништата во дресот на Ајнтрахт, сериозен интерес за негов ангажман искажаа бројни европски клубови, но тој на крајот го избра „големиот Реал“ за своја следна дестинација.

„Трансферот е договорен, Јовиќ е член на Реал, а Ајнтрахт ќе добие 60 милиони евра, плус пет милиони преку неколку различни клаузули“ – потврдија од раководството на Реал Мадрид.

Од овие пари добро ќе заработи и Бенфика, која покрај парите што ги доби за откуп на договорот со Јовиќ, согласно клаузулата во договорот ќе добие и 30% од трансферот (18 милиони евра).

Се вчитува...