ОФИЦИЈАЛНО: Манчестер јунајтед и Роналдо се разделија

Манчестер јунајтед и Кристијано Роналдо се договорија да го раскинат договорот, потврдија од клубот од „Олд трафорд“. Роналдо минатата сезона направи кам-бек во Англија. По одличната прва сезона во која беше најдобар стрелец во клубот, тој годинава имаше многу проблеми.

Новиот менаџер на клубот, Ерик тен Хаг го пресели на клупата, што доведе до почеток на несогласувањата со Португалецот. Чашата ја прели интервјуто на Роналдо со Пирс Морган во кое ги нападна буквално сите кои некако се поврзани со клубот.

 

Се вчитува...