Официјално: Манчестер Јунајтед – Ливерпул нема да се игра денеска

Големото дерби на англискиот фудбал меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул закажано за 17.30 часот сепак нема да се игра денеска, одлучи Премиер-лигата по долгите консултации со претставниците на двата клуба.

Причината е добро позната – дивеењето на навивачите на Манчестер Јунајтед пред стадионот, но и на дел од нив на самиот терен на „Олд Трафорд“, како дел од протестите против американските газди во клубот.

Иако се најавуваше дека мечот би можел да биде одигран вечерва, Манчестер Јунајтед и официјално објави дека истиот ќе биде одложен за друг датум, бидејќи постојат ризици за актерите на натпреварот доколку дуелот се игра во текот на денешниот ден.

Се вчитува...