ОФИЦИЈАЛНО: Марио Танкоски нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Еден од најдобрите млади ракометари на Македонија, Марио Танкоски го официјализираше договорот со битолскиот Еурофарм Пелистер. Тој имаше договор со битолскиот клуб уште од минатата сезона, но не можеше да добие раскин на договорот од Металург, поради што мораше да чека до летово. Стружанецот во Металург, беше стандарден првотимец во последните неколку години.

Тој со битолската гордост потпиша тригодишен договор, а дебито ќе го има на почетокот на следната сезона, бидејќи од ракометната федерација на Македонија одлучија да го прекинат шампионатот поради пандемијата од коронавирусот.

Танкоски официјално е првото засилување за Еурофарм Пелистер, а од тимот замина еден од најдобрите ракометари од минатата сезона, Хрватот, Ловро Јотиќ кој потпиша договор со португалската Бенфика.

Се вчитува...