Официјално: Марк Кукурелја е нов фудбалер на Челси

Челси стигна до ново големо засилување ова лето откако успеа да го осигура потписот на Марк Кукурелја. Шпанскиот бек на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа од редовите на Брајтон во трансфер вреден 65 милиони евра кој со бонуси може да достигне до 73 милиони евра со што постана најскапиот бек во историјата.

Шпанецот кој во минатото ги бранеше боите на Барселона, Гетафе и Брајтон со лондонскиот клуб потпиша шест годишен договор и „синиот“ дрес ќе го носи до 2028 година.

 

Се вчитува...