ОФИЦИЈАЛНО: Матеуш Фернандеш е нов фудбалер на Тотенхем

Тотенхем е исклучително активен во летниот преоден рок, па веќе договори неколку играчи кои ќе бидат дел од тимот за следната сезона.

Веќе некое време е познато дека Ендрју Робертсон, Маркос Сенеси и Јан Пол ван Хеке ќе играат за „Спурси“, а во последните денови Тотенхем договори и засилувања во средниот ред.

Пред неколку дена, Фабрицио Романо објави дека играчот за врска Матеуш Фернандеш ќе стане нов член на „Спурси“. Вредноста на трансферот изнесува 85 милиони фунти (100 милиони евра), а Португалецот доаѓа од клубот што испадна од Премиерлигата, Вест Хем.

Се вчитува...