Официјално: Меморијалниот турнир „Анте Дуковски“ продолжува зад затворени врати

И покрај првичните најави дека меморијалниот кошаркарски турнир кој е во чест на Анте Дуковски ќе биде одложен, сепак истиот ќе продолжи да се одржува во предвиденото време бидејќи тимовите не успеаја да најдат заедничко решение за одложување во густиот распоред кој им следи.

Истиот ќе продолжи зад затворени врати, без присуство на публика и со едно минутен молк во чест на трагично загинатите во Ковид-19 болницата во Тетово. Тоа значи дека денешните средби помеѓу ТФТ и Работнички, односно Академија ФМП и Ангели ќе може да се проследат само преку Јутјуб стримот на кошаркарската федерација.

Се вчитува...