Официјално: Мората потпиша за Јувентус

Сега веќе е и официјално, Алваро Мората е решението за испразнетото голгетерско место во Јувентус по заминувањето на Гонзало Игуаин. „Црно-белите“ од Торино во изминатиот период преговараа и со Милик, Суарез и со Џеко, но на крајот изборот на тренерот Пирло падна врз поранешниот соиграч од времето додека тој настапуваше за Јуве и заедно со Мората стигна до финалето во Лигата на Шампионите.

Пресуден беше и економскиот фактор, Атлетико се согласи на едногодишна позајмица вредна 10 милиони евра, а Јувентус ќе има можност следното лето целосно да го откупи договорот на голгетерот за 45 милиони евра, сума што би ја платиле на три годишни рати. Исто така, Јуве ќе има можност повторно да го задржи Мората на уште една позајмица на една година, за нови 10 милиони евра.

Заминувањето на Мората ја отвора вратата за Атлетико Мадрид да го комплетира трансферот на Луис Суарез, кој вечерва конечно доби зелено светло за за минување од Барселона.

Се вчитува...