Официјално: Никола Јокиќ е МВП на НБА лигата (ФОТО)

Никола Јокиќ втора година по ред е МВП на НБА лигата, тоа што беше познато од пред неколку денови, денеска доби и официјализација од најсилното кошаркарско првенство. Србинот доби вкупно 875 поени на гласањето со кои зад себе ги остави Џоел Ембид (706), Јанис Адетокумпо, Девин Букер, Лука Дончиќ…

Српскиот центар на Денвер имаше фантастична сезона во која испиша историја како прв играч кој во регуларниот дел од сезоната ја надминал бројката на 2000 постигнати поени, 1000 скока и 500 асистенции. Со просек од 27.1 поен, 13.8 скока и 7.9 асистенции тој го предводеше својот тим до место во плеј-офот, но немаше сили да ја помине првата пречка наречена Голден Стејт.

Се вчитува...