ОФИЦИЈАЛНО: Оле е минато на „Олд Трафорд“

Оле Гунар Солскјер доби отказ од Манчестер јунајтед, потврдија од клубот. Откако по синоќешниот состанок се знаеше дека ќе дојде до раскин на договорот, се чекаше само моментот кога клубот официјално ќе го потврди тоа.

Солскјер ќе биде запаметен како веројатно најлошиот тренер кој некогаш водел голем клуб во Англија. Дојде како замена за Жозе Мурињо во 2018 година, а оттогаш клубот не успеа да освои ниту еден трофеј. Најблиску беше минатата година кога во финалето во Лигата на Европа по изведување на пенали загуби од Вилјареал.

„Му се заблагодаруваме на Оле Гунар Солскјер за соработката овие три години и му посакуваме среќа во понатамошниот дел од кариерата“, стои во соопштението на клубот.

Работата во следниот период ќе ја преземе Мајкл Керик, додека не биде назначен наследникот на Норвежанецот. Како прв фаворит се споменува Зинедин Зидан, а во игра се и Ралф Рагник, Брендон Роџерси Маурисио Покетино.

 

Се вчитува...