Официјално: Омер Буњаку нов спортски директор на Балкани

Косовскиот тим Балкани, кој ќе игра во плеј-офот во Лигата на Конференции, го промовираше Омер Буњаку како нов спортски директор на клубот. Буњаку доаѓа во оваа екипа на местото на Ндерим Неџипи кој замина во Турција, да биде директор на Маниса.

Буњаку беше во раководните структури на Шкупи како директор, а екипата ја напушти во текот на минатата сезона и сега доби нова улога.

Балкани во плеј-офот во Лигата на Конференции ќе игра двомеч против белорускиот тим БАТЕ Борисов, во обид да се пласира вторпат во групите на ова натпреварување. За потсетување дека лани на патот кон групната фаза го елиминираше токму поранешниот клуб на Буњаку, тимот на Шкупи.

Се вчитува...